Слободното ѕидарство или Масонеријата, како древна и универзална традиција, од секогаш има една основна мисија - духовно и морално воздигнување на човекот:
„Добриот човек на добар глас да стане уште подобар“.
Традиционалната (Античка) Древна масонска доктрина на
слободното ѕидарство е негување и враќање на моралните вредности на семејството, братството и општеството.
Затоа главен критерум за влез во братството според Античката,
Древна доктрина, се моралните и етички вредности на кандидатот. Секогаш најпрво акцент се става на чесност, лојалност, пожртвуваност, способност за соработка и искрена посветеност на хуманитарни и општествени цели.
Финансиската моќ и социјалниот статус на кандидатот
не се ниту пресудни ниту одлучувачки.
Ваквиот пристап кон приемот на кандидатите не само што го
зачувува угледот на организацијата, туку создава и почит во
заедницата, бидејќи членовите на масонството стануваат
препознатливи како луѓе како слободни ѕидари со интегритет и
доверба, чесни и одговорни „светилници“ во своите средини.
Знаењата и вештините што ги стекнуваат во Братството им
овозможуваат да имаат активна и корисна улога во општеството
преку хуманитарни проекти и силни врски со локалните заедници.
Токму затоа во општествата каде што се почитуваат
традиционалните вредности, масоните се перципирани како
угледни, одговорни и морални личности. Нивната репутација не
почива на титули, туку на дела и лични примери и модели.
Оваа заслуга, цел и углед на масоните кои ја следат Античката
доктрина не е случајна.
Тие се резултат на долгорочна посветеност на принципите кои се темел на здрава, етичка и братска заедница.
Масонеријата е единствен систем кој треба да се практицира
најпрво поради себе си и сопствен духовен развој како би можеле
да ги разбереме и совладаме и повисоките значења на човековото постоење.
Ако масоните површно и без разбирање пристапат кон горенаведените учења, може да се случи духовна дезориентација и конфузија на идентитетот и безсмислено членување во Братството.
ДПГНЛМ (ДРЕВНА И ПРИФАТЕНА ГОЛЕМА НАЦИОНАЛНА ЛОЖА НА МАКЕДОНИЈА) е формирана на 11.11.2017 година со сплотување на четири Братски Ложи во една Голема Национална Ложа на Македонија.
По 7 години постоење, во периодот кога ГНЛМ (ГОЛЕМА НАЦИОНАЛНА ЛОЖА НА МАКЕДОНИЈА) станува полноправен и одговорен член на ЦГЛЕМ (Обединети Големи Ложи на Европа и Медитеранот), самата се реформира и израснува во Древна и Прифатена Голема Национална Ложа на Македонија, или скратено ДПГНЛМ.
ДПГНЛМ ги ужива сите историски придобивки на ГНЛМ како свој
почеток на еден трновит но јасен пат по кој оди Братството, пат кон вистината, моралот, етиката, пат кон знаењето и светлината.
ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА СЛОБОДНОТО ЅИДАРСТВО
I. Слободно ѕидарство е Братство со традиционални темели, со
верба во Господ, кого Слободните ѕидари го нарекуваат Големиот Архитект на Универзумот, како и љубовта кон човекот и човештвото. Братството ги прифаќа Основните принципи и древните должности на Конституцијата од 1723 година.
II. Братството на Слободните ѕидари во нивните редови ги прима
мажите, слободни луѓе на добар глас, водени од желбата да ги
негуваат доблестите и моралот во општеството и оние кои се
стремат кон човечко совршенство. Тие ги прифаќаат своите
Слободноѕидарски обврски со заклетва врз отворената Книга на
Светиот Закон (Библија, Тора, Куран, Веда).
III. Слободните ѕидари, без оглед на нивната стручност и професија, нивниот материјален статус и положба, верска, национална или политичка припадност, се среќаваат и се почитуваат себеси како браќа и го сметаат Братството како
сојуз во кој тие се стремат кон просветлената состојба на духот. Со негувањето на етиката и моралноста на своите членови, Слободното ѕидарство има за цел усовршување и проширување на среќата на целото човештво.
IV. Слободното ѕидарство е активно. Во Братството, работата се
заснова на љубов, вистина, правда, човечност и чесност. Овие
доблести, исто така, се пренесуваат на профаното општество преку индивидуална работа на сè што е добро, убаво и корисно, како за поединци така и во целост, со примерно негување на благородни чувства кон своите блиски и примерен личен и семеен живот.
V. Братството е бескомпромисно посветено на чистотата на совеста, слободата на мислата и почитувањето на правото на живот. Слободните ѕидари ја поттикнуваат толеранцијата, разбирањето и човечноста, со цел да го приближат светот по мерката на човекот, а со што помалку фанатизам и прогон.
VI. Слободните ѕидари се обврзани, со искрени намери, меѓусебно да си помагаат и да се заштитуваат. Тие, во сите околности, се стремат кон зачувување на мирот и рамнотежата кои се неопходни за совршено однесување.
VII. Слободните ѕидари, освен во профаниот свет, исто така се
собираат во Ложите каде што секогаш се присутни Три големи
светла и тоа: Книгата на Светиот Закон, Аголникот и Шестарот.
Слободните ѕидари во Ложите работат во согласност со Ритуалите и Конституцијата како и во согласност со другите одредби на Древното Слободно Ѕидарство.
VIII. Братството толерира различни религиозни и политички убедувања, но не создава верска или политичка заедница и не врши религиозни или црковни обреди. Братството, како организација, не дискутира и не зборува за религиозни и политички прашања, ниту учествува во политичкиот живот, но, има должност, а исто така и чест, да го брани народот од тиранијата со разум и вистина. Личната определба надвор од Ложата е слободна.
IX. Слободните ѕидари негуваат љубов кон својата татковина - тие се лојални и посветени. За своја должност тие ја сметаат одбраната на нејзината слобода, интегритет и независност и се залагаат за работа и мир, почитувајќи ги демократските институции на државата. Со учество во јавни работи Слободните ѕидари се должни да се водат согласно етичките принципи на Слободното ѕидарство. Со тоа, тие придонесуваат за среќата и благосостојбата на целото човештво.
X. Принципите, целите и историјата на Слободното ѕидарство не се тајна, но постоечките ритуали, знаци на препознавање и
припадност кон братството, се тајна.
XI. Должноста на секој Слободен ѕидар е да биде лојален на својата Ложа, да ја чува нејзината неприкосновеност од секого кој не припаѓа на Братството, да ги брани интересите на Слободното
ѕидарство и да не дискутира за внатрешните прашања на Слободното ѕидарство во профаниот свет.
XII. Секој Слободен ѕидар може да излезе од Братсвото по своја желба.